Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ограничувањето на маржите на основните прехрамбени производи продолжена за три месеци

/

пред 1487 дена

Сподели преку :

Владата го продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи, на денешната седница одлучи да се применува до 31 декември 2022 година.

Состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани и со тоа се наметна потребата да се продолжи рокот за следните 3 месеци од оваа година.

Согласно одлуката висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на леб бел;, сечен на парчиња или цел, шеќер бел и сончогледово масло за јадење се утврдува во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.

Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.