Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Огромен пожар во руски терминал за хемикалии по напад со беспилотни летала

/

пред 1008 дена

Сподели преку :

Пожарникарите се уште се борат со пламенот во рускиот хемиски транспортен терминал во пристаништето Уст-Луга кој изби по две последователни експлозии, за кои според регионалните медиуми се дело на напад на украинските сили.

Во извештаите се вели дека пристаништето било нападнато од украински беспилотни летала, при што експлодирал резервоар за гас.

Пожарот бил на локација со која управува вториот по големина руски производител на природен гас, Новатек, 165 километри југозападно од Санкт Петербург.

Околу 148 луѓе работеле на местото кога се слушнале две експлозии, но за сега се уште нема информации за жртви или повредени.

Руското Министерство за одбрана пак на својот дневен брифинг не пријави никаква активност на беспилотни летала во областа Кингисеп.