„Она што е во МНТ многу важно како што го кажаа и Микиќ и Јоцо е дека МНТ е навистина една фабрика и уметност на соништа којашто е спремна да влезе во креативен натпревар со било кој театар од светот“, рече Јовевски во вечерашната Топ Тема.
„Не е само актерскиот тим, туку и помошните служби и администрација, техника, значи тоа е една голема сила која може да биде вистински репрезент на македонската уметност и театар и култура доколку сме многу често на светските фестивали. И доколку ни гостуваат врвните македонски и светски театарски режисери кои би носеле нова методологија, нови видици, нови естетики. Па на тој начин и актерската група со секоја претстава ќе добива нова школа“, изјави актерот Ѓорѓи Јолевски.
Тој додава дека уметноста е особено важно да биде поддржана во секој сегмент.
„Многу е важно уметноста да биде поддржана од сите сегменти во системот на општеството затоа што е тоа најдобронамерниот, најважниот и најсилниот и емотивен духовен елемент којшто опоменува како функционира системот“ потенцира Јолевски.











