Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Охридскиот театар прославува 15 години постоење со премиера на „ Оркестар Титаник“

/

пред 122 дена

Сподели преку :

Со премиера на претставата “Оркестар Титаник” , од бугарскиот автор Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветановски, Народниот театар од Охрид вечерва ќе прослави петнаесет години постоење како дел од Центарот за култура “Григор Прличев” – Охрид.
Во претставата настапуваат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Верица Недеска, Филип Кипровски и Томе Станковски. Костимите и сценографијата се на Сергеј Светозарев, а музиката на Димитар Андоновски.
– Надежта е основна категорија на човековото постоење. Она што не издвојува и на прави луѓе. Ако немаш надеж, ништо не си. Овие луѓе живеат на напуштена железничка станица и сонуваат за својот воз, за својот брод, за својот излез, за своето постоење. Низ таа потрага тие наоѓаат нешто што го имаат заборавено – сопственото јас и за што постојат овде. Со оваа премиера се прославува 15 години од формирањето на театарот. Вечерва ќе се случи по 46ти пат да се отворат вратите за нова претстава, која охридската публика ќе ја погледне за прв пат, вели режисерот на претставата, Андреј Цветановски.
Покрај вечерашната премиера , охридската публика ќе може да ја погледне „ Оркестар Титаник“ и во петок, на 5.јуни.
Програмата на јубилејот, по повод 15 годишнината од формирањето на Охридскиот Театар, ќе започне вечерва во 19:00 часот, со свечено отворање на изложбата “Историска патека на театарски претстави” – ретроспективен времеплов преку серија на костимско- сценски поставки од досегашните претстави во продукција на Народен Театар Охрид. Изложбата ќе биде отворена за посетителите во наредните денови.