Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОЈО отвори предмет за ревизорскиот извештај за Охрид

/

пред 249 дена

Сподели преку :

Диво изградените куќи и хотели во Охрид под лупа на обвинителството. Предмет е отворен откако државните ревизори доставиле детален извештај во кој се констатирани сериозни неправилности во работењето на општината, поврзани со бесправна градба, финансиско управување и непочитување на законската регулатива. Наодите укажуваат на системски пропусти, недостаток на контрола и можни основи за кривична одговорност, поради што обвинителството започнало предистражна постапка.

„Државниот завод за ревизија на 19 декември 2025 година го достави ревизорскиот извештај за Општина Охрид до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од каде извештајот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Охрид. Како што информираат од Обвинителството, оформен е предмет и се преземаат дејствија на проверки“, велат од ОЈО.

Сета потребна документација, како општина, ќе ја доставиме доколку биде побарана од обвинителството, вели за Телма градоначалникот на Охрид. Според него, овој ревизорски извештај е најпозитивниот во историјата на Општина Охрид особено во делот на материјалното и финансиското работење.

Ревизорите утврдија дека над 4.000 објекти, меѓу кои и хотели и куќи, некои во крајбрежејето, некои на Галичица, во заштитени подрачја се дивоградби. Општината се правдаше дека и покрај огласите за барање фирма што ќе урива дивоградби ниедна компанија не се заинтересирала. Бројните дивоградби особено оние во заштитени подрачја секоја година го загрозуваат статусот на Охрид во Унеско –  организацијата бара нивно уривање со цел заштита на автентичниот лик на градот и езерскиот пејсаж.

Симона Петровска