Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОЈО: Увидот во фабриката која гореше во Виница се уште не е започнат, бидејки пожарот не е изгаснат во целост

/

пред 406 дена

Сподели преку :

Од основното Јавно обвинителство денеска информираат дека екипи од обвинителството се кај фабриката Мак Прогрес, поради пожарот кој избувна синоќа, оттаму велат дека увидот се уште не е започнат бидејки пожарот се уште не е целосно изгаснат.

-Јавен обвинител од ОЈО Кочани беше на терен, меѓутоа увидот се уште не е започнат, затоа што пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата. Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, велат за Телма од ОЈО.