Околу 1.400 земјотреси се забележани на грчкиот остров Санторини од 1 февруари, покажуваат податоците на Геодинамичкиот институт на Грција, пренесува агенцијата Анадолија.
Речиси 440 од нив биле со јачина над степени според Рихтеровата скала, а 73 биле посилни од четири степени.
Само денеска на островот се регистрирани 45 потреси, меѓу кои и два со јачина од четири степени и 10 со јачина од три степени.
На островот е прогласена вонредна состојба. Над 11.000 луѓе досега го напуштија островот од кои 7.000 со траекти и 4.000 со авиони.
Во меѓувреме во Атина е одржан итен состанок на премиерот Кирјакос Мицотакис, заедно со министерот за цивилна заштита Василис Кикилиас и експерти.
Ефтимиос Лекас, водечки геолог и шеф на државната Агенција за планирање и заштита од земјотреси, предупреди на висок ризик од свлечишта на Санторини.











