Околу 90 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа во последните 12 часа и биле префрлени во центрите на ОН низ енклавата, јави Тајмс од Израел повикувајќи се на палестински медиуми.
Во изминатите два дена, камиони влегуваа на палестинската страна на преминот Керем Шалом, но имаше доцнење во дистрибуцијата на помошта во рамките на Појасот.
ОН вчера соопштија дека рутата што им ја понудиле ИДФ не е безбедна и дека се плашат од грабежи, поради што дистрибуцијата беше одложена.











