Без поддршка од САД и Европа , Украина нема шанси да се одбрани, рече германскиот канцелар Олаф Шолц, по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа. Тие го повикаа американскиот Конгрес да ја деблокира помошта за Украина .
- Двајцата сме цврсто убедени дека тоа мора да се случи сега , но исто така оптимисти сме дека Конгресот на САД на крајот ќе донесе таква одлука , што би било порака до рускиот претседател Владимир Путин дека неговата надеж за намалување на западната воена помош за Украина, е залудна, изјави германскиот канцелар Шолц. Вредноста на испорачаната и ветената воена опрема од Германија за Украина е повеќе од 30 милијарди евра, додека обемот на воена помош од САД е 44 милијарди американски долари или околу 41 милијарда евра.











