Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Олимпискиот оган денеска запален во античка Олимпија

/

пред 905 дена

Сподели преку :

Олимпскиот пламен денеска беше запален на местото каде што се одржувале античките игри во Грција ,пред почетокот на олимпијада во Париз ова лето.

Грчката актерка Мери Мина во улога на првосвештеничка го запали пламенот  ,а потоа му го предаде на последниот олимпски  првак во веслање Стефанос Нтускос.

Церемонијата се одржа по говорите на организаторите на Игрите и претседателот на МОК,Томас Бах во Париз.

Олимпискиот пламен е еден од најпрепознатливите олимписки знаци.

На модерните олимписки игри пламенот за првпат бил запален на деветите Олимписки игри во Амстердам во 1928, а начинот за штафетното пренесување на факел бил воведен во склоп на подготовките и отворањето на единаесетите  Олимписки игри во Берлин, во 1936 година.