Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОН ги повикуваат сите земји да ја признаат палестинската држава

/

пред 871 дена

Сподели преку :

Група експерти на Обединетите нации денеска ги повикаа сите земји да ја признаат палестинската држава за да се постигне мир на Блискиот Исток.

Повикот доаѓа една недела откако Шпанија, Ирска и Норвешка формално ја признаа палестинската држава, што го налути Израел.

Експертите, вклучително и специјалниот известувач на ОН за човекови права на палестинските територии, рекоа дека признавањето на палестинската државност е важно за правата на палестинскиот народ и неговите напори за слобода и независност.

– Ова е предуслов за траен мир во Палестина и на целиот Блиски Исток и почнува со итно објавување на прекин на огнот во Газа и запирање на понатамошните воени упади во Рафа, нагласија тие.

– Решението со две држави останува единствениот меѓународно усогласен пат кон мир и безбедност и за Палестина и за Израел и е излез од генерациските циклуси на насилство и гнев, додаваат експертите.

Шпанија, Ирска и Норвешка со своето признавање на палестинската држава сакаат да го забрзаат постигнувањето мир во Газа.

Трите земји изразија надеж дека тоа ќе го забрза признавањето и од страна на другите западни земји.

Данскиот парламент подоцна одби да го стори тоа, а Словенија ќе го разгледа утре. Израел се противи на признавањето на палестинска држава, тврдејќи дека тоа го зајакнува Хамас.