Обединетите нации се екстремно загрижени за судбината на цивилите во Рафа, по апелот на Израел за евакуација поради најавата за копнена офанзива.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека и наредил на војската да подготви план за евакуација на голем дел од населението и покрај силните меѓународни критики за напад на преполниот град на југот на Појасот Газа.
Рафа за Израел е последното упориште на Хамас. Проценките на ОН се дека во меѓувреме се преселени 1,4 милиони Палестинци во јужниот град во Појасот.











