Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Онишченко: Македонското државјанство го добив легално, имам и бизнис во Македонија

/

пред 1419 дена

Сподели преку :

Директорот на АНБ Виктор Димовски замина за Брисел поради што за два дена го одложи своето појавување пред надзорната собраниска комисија за сканадлот со државјанството на контроверзниот украинец Олександар Онишечнко.

И додека надлежните молчат во интервју за македонските медиуми објаснување, од Дубаи каде во моментов е на одмор, даде токму македонскиот репрезентативец во коњички скокови.

Тој во телефонски разговор за „Слободен печат“ вели дека за македонското државјанство чекал две години и го добил на легален начин. Во Македонија дошол на покана на својот колега јавач Лука Заложник кој од него побарал да биде спонзор и член на  македонската репрезентација.

Пред да добие документи од земјава тврди добил и германски документи каде во моментов е и неговото живеалиште, а има и сопствена компанија во земјата.

За обвинувањата во странските медиуми пак појаснува дека против него во моментов нема ниту еден доказ како и дека против него не се води ниту еден судски спор, а на црната листа на САД се нашол бидејќи бил пријател на Трамп и изјавил дека синот на Бајден е корумпиран.

Онишленко во интервјуто тврди дека и во Македонија има своја компанија, а во наредниот период планира нови инвестиции во земјава.