Се става ли на пауза долгонајавуваната дисперзија во Битола со која треба да им се олесни на тешко болните? Онколошките пациенти од Пелагонискиот регион повторно останаа без онколози од Скопје и терапија во Битолската Клиничка болница. Ова одделение функционираше само неколку месеци, а веќе еден месец пациентите од овој град и околината пак се во неизвеснот и треба да се малтретираат за да доаѓаат на Клиника.
- Мислам дека имаше некаков дисбаланс во тоа како се третирани и дали финансиски се надокнадени докторите кои од Скопје патуваа на клиниката во Битола. Кај пациентите имаше одличен одзив. Значи таа практика кај пациентите ние добивавме исклучиво и само позитивен фидбек. Зошто таа практика престана јас претпоставувам дека е финансиски импликацијата бидејќи волјата кај докторите и кај клиниката сметам дека се уште постои- Ана Марјановиќ здружение Хема Онко.
Според првиот човек на фзом причината е истечениот договор на докторите.
- Јас колку што знам треба да се обнови годишниот договор за онколозите од Скопје да одат во Битола, се на годишно ниво и претпоставувам дека е административен проблем и сигурен сум дека на клиниката за онкологија се уште постои добрата волја да биде визитинг онколог од Скопје – Сашо Клековски директор на ФЗО.
Онколошките пациенти алармираат и за недостиг на терапија. Според Клековски треба да има поактивно водење на залихите и сознанија за нивни потреби во секој момент.
Симона Петровска
Б.С.











