Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото) Опожарен клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

/

пред 1583 дена

Сподели преку :

Опожарен е клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Сторителите не се познати, а полицијата била повикана рано утринава и увидот се уште е во тек. Опожарена е влезната врата и натписот на кој пишуваше клуб Ванчо Михајлов.

Полициски службеници го обезбедуваат местото.

Клубот беше отворен во април оваа година во присуство на целиот државен врв на Бугарија, што предизвика бура реакции во македонската јавност, најмногу поради името на културниот клуб Ванчо Михајлов кој е докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна.

МНР: Осуда за инцидентот во Битола, се уште има актери против напредок на односите меѓу Македонија и Бугарија

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, утрово извршија увид на лице место на опожарен објект – центар за култура „Ванчо Михајлов“.

Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење.

Со цел откривање на сторителот, јавниот обвинител веднаш ќе издаде и наредби за обезбедување на снимките од безбедносните видео камери на самиот објект, но и на околните објекти