Во Струмица синоќа било пријавено дека е настанат пожар на паркирано патничко возило „ленд ровер“, соопшти министерството за внатрешни работи (МВР). Запаленото возило припаѓа на поранешен инспектор на полицијата, кој сега според сознанија на Телма е приватен детектив.
„На 21.02.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во времето од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки сопственост на Н.М. (51) од Струмица, кој се проширил и зафатил и друго паркирано возило „форд“ со струмички регистарски ознаки сопственост на В.Т.(53) од Струмица“, стои во билтенот на МВР.
Како што соопшти МВР, возилата биле паркирани на паркинг простор пред зграда на ул. „Браќа Миладинови“ во Струмица. Припадници на Територијалната противпожарна единица Струмица го изгаснале пожарот, а повредени лица нема.











