Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опожарени 163 километри квадратни, штетите надминаа 250 милијарди долари – Л.А. ја преживува најскапата катастрофа во историјата

/

пред 643 дена

Сподели преку :

Пожарите кои пеплосаа голем број на домови и деловни објекти во Лос Анџелес и во кои досега загинаа најмалку 25 луѓе, сè уште пустошат во погодениот регион. Штетите кои ги предизвикаа досега надминаа 250 милијарди долари. Поттикнати од жестоките ветрови на Санта Ана, кои им нанесоа проблеми на противпожарните служби распоредени низ неколку области на распространетиот град, дополнително го зголемија ризикот од нивно распламтување.

Инспекторите сè уште се обидуваат да утврдат што ги предизвика пожарите кои бо можело да бидат најскапите кои ја погодиле нацијата досега. Во меѓувреме, властите објавија дека досега се уапсени неколку лица за кражби, но и за подметнување пожари на повеќе локации за што објавија и видео материјали.