Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опозицијата прифаќа средба за датум за избори, се чека на мнозинството

/

пред 1083 дена

Сподели преку :

Темата датум за избори не е отворена ниту на денешната редовна координација во Собранието. Од најголемата опозициска партија ја бојкотираа и оваа, како и сите други средби за тековни договори, но се подготвени да направат отстапка. Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ би присуствувал на една средба, но под посебни услови.

И новите опозициски партии се подготвени да разговараат на оваа тема. Нестрпливи се да си ги измерат силите на избори и не им е важно дали ќе бидат две во едно, односно заедно парламентарни и претседателски, само да се одржат што побрзо.

Премиерот побара од партиите да седнат и на ниво на работни групи да разговараат за деталите околу изборите, но владејачките партии засега немаат иницирано средба.

Далиборка Демјанска Цветановска