Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општина Аеродром му даде рок од три дена на сопственикот на Зимзоленд да ги отстрани реквизитите

/

пред 296 дена

Сподели преку :

Општина Аеродром му нареди на сопственикот на Зимзоленд да ги отстрани реквизитите. Вакво решение донел општинскиот инспектор кој дал рок од три денови за фирмата „Мега луна 25“ од Битола сама да си го дислоцира новогодишниот лунапарк.

„Ако опремата не се отстрани во определениот рок ќе се постапи кон присилно административно извршување на градбата“, апелираат од Општина Аеродром.

Но, општината сè уште нема потврда дека решението е доставено, а тоа е битно бидејќи рокот од три денови тече од доставата. Ако не успее да го прими решението сопственикот ќе биде известен со јавна објава. По ова повторно роковите се во негова корист односно тој за дислокација треба да го извести инспекторот веднаш или најдоцна седум денови дали е извршена мерката.

Во меѓувреме Зимзоленд работи, а полицијата сè уште истражува како. И после една недела откако обвинителството побара од МВР да му биде доставена документација за да се утврди дали има елементи за кривично дело „Предизвикување општа опасност“, ништо не е доставено до него.

Од МВР велат преземаат мерки, а од обвинителство велат дека го чекаат исходот.

Лунапаркот работи скоро еден месец без дозвола од Град Скопје, а повеќе институции констатираа низа неправилности. Обвинителството отвори истрага откако се посомнева дека институциите не постапуваат по закон. Сопственикот Панде Димов негира дека не ги има потребните документи и убедуваше дека ќе продолжи да работи. Тој на општината првично и најави дека ќе биде на локацијата до 4 јануари.

Билјана Николовска Тодорова