Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општините борчлии, долгот се поголем – за три месеци зголемен за 3, 6 милиони евра

/

пред 333 дена

Сподели преку :

За само три месеци долгот на општините пораснал за 3, 6 милиони евра. Ова го покажуваат бројките во листата на Министерството за финансии. Нивниот вкупен долг пак  заклучно со септември изнесува над 68 милиони евра. Но, до крајот на годинава за плаќање ќе им доспеат  дополнителни 14, 8 милиони евра.

Долгови Општини 

ВТОР КВАРТАЛ 2025 – 64.725.137 МИЛИОНИ ЕВРА

ТРЕТ КВАРТАЛ 2025  – 68.407.874 МИЛИОНИ ЕВРА

Состојбата  е уште полоша со општинските јавни претпријатија. Нивниот долг во третиот квартал достигнал околу 130 милиони евра. Во споредба со претходниот тој е зголемен за 22 милиони евра. Но до крајот на годинава пишува дека за плаќање ќе им стигнат уште 11, 6 милиони евра.

Долгови – Општински јавни претпријатија долгови

ВТОР КВАРТАЛ 2025 – 107.600.678 МИЛИОНИ ЕВРА

ТРЕТ КВАРТАЛ 2025  – 129.987.606 МИЛИОНИ ЕВРА

Милионските долговите на општините и нивните претпријатија се стар проблем. Постојано се прави дотур на средства во нивните каси, но без ефект. Парите се трошат, а наместо решение проблемот се продлабочува.

Претходната влада за да ги закрпат дупките обезбеди над 50 милиони евра. Оваа гарнитура веднаш откако ја презеде власта, договори 250 милиони евра унгарски кредит за капитални проекти во општините. Дополнително за нив се обезбедија пари со пренамена на средства од државниот буџет кој го полнат и граѓаните.

Познавачите неколку дена во Топ Тема зборуваа дека општините немаат капацитет да реализираат проекти, не можат да ги наплатат даноците. Со години зависат од парите од централната власт кои наместо за значајни, ги трошат за не толку важни работи за граѓаните. Велат и дека залудно со години зборуваат да престане партиското вработување, а забележуваат и дека до сега ниту еден директор не е разрешен затоа што се работи или се работело со загуби.

Инаку, врвот на листата должници на Министерството за финансии  повторно го освои МЖ Транспорт, со вкупен долг од близу 80 милиони евра.  Во првата петорка е и МЖ Инфраструктура, ЕСМ, Водовод и канализација – Скопје, но и  ЕСМ Дистрибуција – една од трите фирми за парно на електрани.

Долговите на јавните, државните претпријатија и општините се по повеќе основи, плати, придонеси, надоместоци, за камати кон домашни и странски кредитори, договорни услуги, привремени вработувања, и друго.

Ирена Чачкова