Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Орбан: Русија победи, Украина ја загуби војната — прашање е кога Западот ќе го признае тоа

/

пред 431 дена

Сподели преку :

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно ја потресе европската јавност со изјава дека „Русија ја доби војната со Украина“, оценувајќи дека украинската страна веќе ја изгубила битката, како и дека единствено што останува е Западот да го признае тој исход.

Орбан ова го изјави во интервју за „YouTube“ каналот „Патриот“, само неколку дена пред најавениот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска.

„Сега зборуваме како да е ова неизвесна воена ситуација, но не е. Украинците ја загубија војната. Русија победи. Единственото прашање е кога и под кои околности Западот ќе го признае тоа“, рече Орбан, додавајќи дека Европа изгледа „смешна и мизерна“ затоа што не е дел од преговорите.

Унгарија останува единствената земја-членка на ЕУ која не ја поддржа заедничката декларација со која се нагласува правото на Украина сама да одлучува за својата иднина.

Орбан, кој од почетокот на војната одржува блиски односи со Москва, повторно ја критикуваше политиката на Брисел, предупредувајќи дека ако Европа не седи на преговарачката маса, ќе биде „на менито“.

Изјавите на Орбан доаѓаат во чувствителен момент, кога руските сили се во офанзива, а Украина е исклучена од директните разговори меѓу Вашингтон и Москва. Ваквата реторика предизвика остри реакции од дел од европските лидери, кои го обвинуваат Орбан дека соработува со Кремљ и ја поткопува европската солидарност со Украина.