Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Орбан: Трамп ми вети дека нема да даде ниту долар за Украина ако победи на изборите во ноември

/

пред 957 дена

Сподели преку :

Доналд Трамп вети дека нема да дава пари за Украина ако победи на претседателските избори, а Европа, без САД, нема да може да ја финансира војната и таа ќе биде завршена, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Очигледно е дека Украина не стои сама на своите нозе. Ако Американците не даваат пари и оружје, а потоа и Европјаните, војната ќе заврши. Трамп сега не е претседател, но неговата партија ги спречува демократите да праќаат пари во војна. Трамп рече дека, ако се врати на чело на државата, нема да го прави тоа, нема да даде ниту пени. И тогаш оваа војна ќе заврши“, рече Орбан во интервју на телевизијата М1.

Унгарскиот премиер истакна дека Трамп има план за завршување на војната во Украина.

„Тој има доста детален план за завршување на оваа војна, меѓутоа не сум овластен да говорам за суштината на тие планови“, изјави Орбан.

Трамп во петокот беше домаќин на Виктор Орбан на неговиот приватен имот во Мар-а-Лаго. Разговорите траеле еден час, по што следувала вечера и концерт.

Прес-службата на поранешниот претседател на САД соопшти дека Трамп и Орбан разговарале за „широк спектар на прашања кои се однесуваат на Унгарија и на Америка, вклучувајќи го и значењето на силни и безбедни граници за секоја нација“.