Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ормутскиот теснец во заложништво на геополитички ќор-сокак

/

пред 165 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема утврден рок за завршување на конфликтот со Иран, додека Белата куќа потврди дека не е поставен нов краен рок за продолжен прекин на огнот.

Иранските власти пак тврдат дека повторното отворање на Ормутскиот теснец во моментов „не е можно“ поради, како што велат, прекршувања на договорите од страна на САД и Израел.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ја обвини американската поморска блокада како главна пречка за напредок во преговорите.

Според американската Централна команда, досега биле пренасочени 31 брод, најголем дел нафтени танкери, како дел од стратегијата за притисок врз Техеран.

Поради тврдите позиции на двете страни, ситуацијата влегува во ќор-сокак.

Дополнително, Реџеп Таип Ердоган предупреди дека конфликтот почнува да има негативно влијание и врз Европа.

Паралелно, се најавуваат нови разговори меѓу Израел и Либан за продолжување на прекинот на огнот, додека тензиите во регионот остануваат високи.