Лекарот Александар Обедниковски, специјалист ортопед од одделението за Ортопедија и трауматологија, е новиот директор на Битолската клиничка болница, објави порталот апла.мк
Министерството за здравство со решение го назначи д-р Обедниковски за прв човек на Болницата, а целосна поддршка е дадена и од ОО на СДСМ Битола.
Обедниковски во 2014 година доаѓа во Битолската клиничка болница како специјалист ортопед, а од 2018 година е субспецијалист трауматолог.
По смената на раководството на ОО на СДСМ Битола, со доаѓањето на Драган Крајовски за лидер на партијата се очекуваат директорски смени во повеќе институции и претпријатија во градот кои се под државна капа.











