Министерот за надворешни работи побара трпение од опозицијата до летото, да се види епилогот од преговарачкиот процес, а потоа да седнат на маса и да се договараат за евентуален изборен натпревар. Блокадата на Собранието, вели, ја носи водата кон тие што бараат причини да кажат дека Македонија е државата која не е конструктивна во овој процес, не може да ги исполни своите обврски и не е подготвена за зачленување во Европската унија.
За Мицкоски оваа изјава е несериозна. Не отстапува од намерата, активно да го блокира Собранието, доколку премиерот до 10 мај не седне на маса, за да разговараат за предвремени избори.
И додека ВМРО ДПМНЕ одбројуваат уште три дена до крајниот рок за средба, СДСМ најавија дека веќе имаат план како да обезбедат функционалност на законодавниот дом и потребните законски измени да бидат донесени.
Далиборка Дамјанска











