Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Османи: Србија се преправа дека се залага за мир

/

пред 782 дена

Сподели преку :

Косовската претседателка, Вјоса Османи по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на насилно исчезнатите лица, изјави дека и оваа година „Србија сè уште спие на масовни гробници на невини цивили“, додека се крие „зад пропагандата“ дека се залага за мир и за интеграција во Европската унија.

Османи на својата страница на Фејсбук напиша дека „над 1.600 насилно исчезнати за време на последната војна во Косово, од кои многу деца, сè уште остануваат најдлабоката рана на Косово“.

Според косовската претседателка, „целта на геноцидниот режим на Србија беше истребување и уништување на идентитетот и иднината“ на косовските Албанци.

Со негирањето на вистината Србија постојано го повторува злосторството. Држејќи ги архивите затворени, наспроти согласноста од Брисел кој го бара спротивното, Србија исто така ги крши постигнатите договори. Вистината не може да се сокрие зад пропагандата дека Србија била за мир и за интеграција во ЕУ. Вистината е една и единствена: Србија во 2024 година сè уште спие на масовни гробници на невини цивили, напиша Османи.