Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осомничен за перење пари – поранешниот еврокомесар Рејндерс под истрага на белгиските власти

/

пред 685 дена

Сподели преку :

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс е под истрага поради сомнение за перење пари, објавија белгиските медиуми, повикувајќи се на соопштение на обвинителството. Домот на Рејндерс беше претресен вчера, два дена откако ја напушти Европската комисија (ЕК).

Се наведува дека поранешниот еврокомесар бил сослушан во полиција, но не можел да биде приведен бидејќи бил под истрага за можни злосторства за време на неговите години во ЕК и во белгиската влада. Се појаснува дека во таква истрага треба да важи имунитетот што тој го имал тогаш.

Според белгиски медиуми, откриени се сомнителни дејствија кои можеби довеле до акумулација на значителна сума пари.

Рејндерс беше еврокомесар за правда во последните пет години, а пред тоа беше сукцесивно министер за финансии, надворешни работи и одбрана по 1999 година. Рејндерс двапати беше одбиен како кандидат за генерален секретар на Советот на Европа.