Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осомничен за ширење на расистички и ксенофобичен материјал на интернет – кривична за 67-годишен жител на Неготино

/

пред 353 дена

Сподели преку :

Поднесена е кривична пријава против 67-годишен жител на Неготино, поради постоење на основи за сомнение за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.

Осомничениот, на 20-ти октомври, преку личен профил и профил кој го управува на социјална мрежа, објавил видео во кое употребил погрден и навредлив израз за лица од село Криволак, повикувајќи на дискриминација и ускратување на изборното право на група граѓани по етничка основа.

„На 21 октомври во полицијата во Неготино се примени три пријави, а потоа и на 24 октомври, 107 жители на село Криволак, неготинско, писмено пријавиле, дека осомничениот на социјална мрежа објавил видео, кое било јавно достапно, а во кое изнел невистини и навреди на национална основа во врска со изборниот процес“, појаснија од велешката полиција.