Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осомничениот за пукање во училиште во Џорџија денеска беше донесен во судница

/

пред 775 дена

Сподели преку :

14-годишникот обвинет за убиство  на четири лица во неговото средно училиште во Џорџија, беше донесен на суд денеска.

14-годишниот осомничен изјави само дека ги разбира обвиненијата со кои се соочува.

Максиманлата казна за случаите за кои е обвинет е доживотен затвор или смртна казна но бидејки станува збор за малолетник  него не може да му биде изречена смртна пресуда.

Покрај него обвинет е и неговиот татко дека му дал дозвола да користи оружје со кое било извршено злосторството.

И на двајцата им е изречена мерка притвор , а нивното следно појавување на суд треба да  биде на 4 декември.

Осомничениот отворил оган вчера во средното училиште Апалачи во градот Виндер, убивајќи двајца наставници и двајца ученици и ранувајки 8 ученици и еден професор.