Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Останува на гласачкото ливче во Мичиген – врховниот суд ја одби петицијата за дисквалификација на Трамп од изборите во САД

/

пред 1035 дена

Сподели преку :

Врховниот суд на американската сојузна држава Мичиген одби да ја разгледа петицијата на гласачите со кoja се бара дисквалификување на Доналд Трамп од претседателските избори следната година заради неговата улога во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Пресудата му дозволува на Трамп да остане на гласачкото ливче во оваа држава.

Гласачите се обидоа да го дисквалификуваат Трамп според одредбата во американскиот Устав со која им се забранува на луѓето кои учествувале во „востание или бунт“ да држат функција доколку претходно се дале заклетва пред САД.

Врховниот суд на државата Колорадо, минатата недела, ја дисквалификуваше кандидатурата на Трамп во оваа сојузна држава, повикувајќи се на споменатата уставна одредба.