Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Останува притворот за бегалецот од потерница Пецов-Ѓаволот

/

пред 435 дена

Сподели преку :

Кривичниот суд во Скопје ја отфрли жалбата на бегалецот Љупчо Пецов викан Ѓаволот со која тој бараше наместо во притвор да добие поблаги мерки за обезбедување во истрагата „Синџир“ за даночно затајување.

Од Кривичниот суд за Телма потврдија дека одлуката е донесена и жалбата на Пецов- Ѓаволот е отфрлена со што останува во сила определената мерка притвор.

Но, Пецов е во бегство и по него е издадена меѓународна потерница. Иако на потерница осомничениот Љупчо Пецо Ѓаволот слободно се шета по Скопје.

Потерницата е распишана во ноември 2023-та и за помалку од две години неговата компанија добила најмалку 136 тендери за продажба на нафтени деривати на државни институции и јавни претпријатија во вредност од околу 5 милиони евра.

Истрагата „Синџир“ пак истражува серија сомнителни документи со кои се вршела фиктивна исплата на поврат на даноци.