Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Останувам до крај на мандатот, деновиве ќе именувам нов премиер – Макрон во обраќање до нацијата по оставката на Барние

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон, во вечерашното обраќање до нацијата, се заблагодари на премиерот Мишел Барние, кој денеска поднесе оставка, за неговата посветеност и неподготвеноста да се откаже за време на мандат.

„Мојот претседателски мандат ќе го завршам во целост и во наредните денови ќе именувам нов премиер. Новата ера мора да почне со нови компромиси. Повикот за вонредни избори ова лето е одлука која политичките актери не ја разбраа. Народното Собрание без јасно мнозинство, денеска наложува нов политички метод. Премиерот Барние е соборен, бидејќи екстремната десница и левица се здружија во „антирепублички“ фронт. Приоритет на новиот премиер ќе биде донесување на Буџет преку посебен закон. Потребен ни е нов Буџет на почетокот на наредната година за да се овозможат потребните инвестиции“, порача меѓудругото Макрон.