Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Оставка!“ „Ова не е Москва!“ протести во Софија против владата на Румен Радев

/

пред 98 дена

Сподели преку :

Учесниците на првиот протест против владата на Румен Радев го затворија сообраќајот на булеварите Дондуков и Цар Освободител со извици „Оставка!“ и „Ова не е Москва!“, објавуваат бугарските медиуми.

Стотици граѓани со бугарски и европски знамиња, како и претставници на граѓански организации, се собраа во центарот на Софија.

„Румен Радев си дозволи да создаде таков државен буџет, пред кој дури и буџетот на Роснефт бледнее“, рече Манол Глишев, еден од организаторите на настанот.

  • „Премиерот Радев продолжува да извезува оружје во Украина, што е добро, но зошто лаже за запирање на помошта за нападнатата земја“, додаде тој.

Тој праша зошто Комисијата за досиеја и Парламентарната комисија за демографска политика, деца и семејство се затвораат истовремено и нагласи дека Радев на тој начин ги затвора минатото и иднината.

Инаку, владата со премиерот Румен Радев положи заклетва пред Народното собрание на 8 мај оваа година. Кабинетот беше избран со поддршка на парламентарното мнозинство од партијата на Радев, која има 131 пратеник во парламентот.