Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осуденик нападна затворски полицаец во Идризово

/

пред 419 дена

Сподели преку :

Осуденик во Идризово со тупаници нападнал затворски полицаец. Инцидентот се случил денеска околу 11 часот. Осуденикот го нападнал додека полицаецот ги извршувал своите работни обврски. На нападнатиот полицаец, кој имал повреди на главата и телото, му била укажана лекарска помош. Тој е пренесен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде му била направена рентген снимка.

Затвореникот бил осуден за дрога и кражби на 13 години затвор, од кои одлежал 4 години. Од синдикатот за Телма велат дека се потребни итно засилени безбедносни мерки за ваквите инциденти да не бидат чести. 

,,Бараме да се зголемат мерките во делот на заштита на вработените, кај колегите кои немаат соодветни средства како средства за врзување, униформа, и блокатори со цел да се зголеми и тој вид на заштита додека во делот на денешниот настан побарано е за осуденото лице да се спроведат соодветни законски мерки’’, изјави Горан Ристески, претседател на гранскиот Независен Синдикат на државна администрација и на Синдикатот на Затворска Полиција и администрација на Македонија

Безбедноста во установата е засилена, а тече и внатрешна истрага за тоа како дошло до инцидентот.

Од синдикатот велат дека често осудените лица се осмелуваат да посегнат по полициските службеници и дека се потребни засилени безбедносни мерки. Ќе продолжат да се залагаат за подобрување на условите за работа и институционалната поддршка на службените лица.

Марија Коцева