Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осуденикот во „Бардовци“ со полициски службеници, надлежните истражуваат

/

пред 442 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство без детали за убиството што се случи во психијатриската болница во Бардовци кога пациент со шише усмрти друг пациент наводно заради караница за кревет. Повеќе информации најавува за утре, но вели треба да се работи повеќе за да се спречат вакви настани.

„Јас сум да креираме политики и министерството да превенира, а не да постапува после вакви случаеви. Се случи тоа е процес кој сега административно се завршува и еве нека ни биде ова уште една лекција дека навистина инвестициите во здравството ни се неопходни за да бидат стабилни за да може сервисите, неопходните услугите да бидат дадени во реално време, за жал дел од услугите а тоа е и перформансот на тие луѓе да не можат да излезат надвор за жал се случило тоа. Ќе видиме понатаму постапката е во тек“, вели Азир Алиу министер за здравство.

Триесет и петгодишникот по извршеното убиството и натаму е во болницата, но овој пат со надзор на полициски службеници. Од болницата во Бардовци, пак, не сакаат да дадат повеќе детали за случајот.

„Д.С. (35) и И.Т. (62)  се лекуваа во нашата установа на Одделот за лица со изречена судска мерка за задолжително лекување и чување во здравствена установа. Педесет минути по полноќ дежурните лекари се повикани од персоналот на Одделот за лекување на осудени лица поради физичка пресметка помеѓу Д.С. и И.Т.  Дежурните лекари констатирале физички повреди кај пациентот И.Т. Повикана е Итна медицинска помош и пациентот е пренесен на УК за ТОАРИЛУЦ, при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во меѓувреме е информирана и полицијата која пристигна на место на настанот околу 2 часот. Во 2:30 часот со телефонски повик од лекар на Итната медицинска помош бевме известени дека кај пациентот И.Т., и покрај направената реанимација, настапила смрт“, велат од ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“. 

Пред околу два месеца јавноста беше згрозена и од вознемирувачки снимки, токму во оваа установа, на кои се гледаше како пациенти физички малтретираат новодојден пациент, за како што вели човекот кој што ги снима и објавува овие видеа, да се запазела праксата. Стануваше збор за лица кои беа сместени во судско одделение, каде што се третираат пациенти кои извршиле кривично дело убиство или обид за убиство.

Инаку се шпекулира дека осуденикот кој вчера го усмрти 62-годишникот е добро познат во јавноста и станува збор за лице кое во 2012-та година ја уби својата мајка во нивниот стан во центарот на Неготино. Триесет и петгодишникот е осуден за убиство, а судот му изрече мерка за задолжително лекување и чување во здравствена установа.

Пред повеќе од еден месец, токму во оваа установа, министерот Алиу и директорот на болницата направија обиколка и констатираа лоши услови за работа, но и за третман на пациенти. Објавија и фотографии на кои се гледа зграда со распаднати, испукани ѕидови, уништени врати и прозорци, а пак очајната состојба на психијатриската болница најсликовито ја покажуваат санитарните простории и тоалетите, во кои воопшто нема врати, а ниту чешми за одржување на личната хигиена.

Симона Петровска