Американскиот претседател Доналд Трамп, дел од говорот на заедничката седница на Претставничкиот дом и Сенатот, посвети и на Илон Маск. Технолошкиот могул го следеше 100-минутниот говор од галеријата во Конгресот, а аплаузите и овациите ги дочекуваше во темен костум и сина вратоврска.
Маск, кој раководи со новоформираниот Оддел за ефикасност на владата (DOGE), во изминатиот период отпушти десетици илјади државни службеници, ја запре помошта за други држави „тешка“ милијарди долари и укина низа на програми во американската влада.
Притоа Трамп наведе и неколку примери за бескорисни трошења што наидоа на потсмев меѓу републиканците.
„Осум милиони долари за промоција на ЛГБТ во африканската држава Лесото за која никој никогаш не слушнал“, рече Трамп.
Демократски конгресмени држеа транспаренти со критички пораки за време на говорот на Трамп, на дел од нив пишуваше „Неточно“ и „Маск краде“.
Одделот DOGE тврди дека веќе заштедил 105 милиони долари, податок што не може да се потврди независно. Објавени се и пресметки за заштеди од 18,6 милијарди долари, но американските медиуми кои го анализираа податокот објавија дека постојат грешки.











