Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осумдневен притвор за тројца од осумте приведени лица кои го уништуваа македонското знаме

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и одреди осумдневен притвор за тројца од лицата кои го уништуваа македонското знаме. Одлуката е образложена со „опасност од бегство и повторување на делото“.

Приведените лица се сомничат за кривичното дело од член 319, став 1 од Кривичниот законик, а поврзани со вчерашните настани во кои беа уништувани национални симболи и државното знаме.

Доцна попладнево, тие со полициска придружба беа спроведени во Кривичниот суд.