Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осумте пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои кренаа рака за уставни измени сметаат дека и тие придонеле за признавањето на автокефалноста

/

пред 1594 дена

Сподели преку :

По повод признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) со честитка се огласи и групата од осумте пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои во 2018 година гласаа за уставните промени, односно за промена на уставното име на земјава, од каде посочуваат оти сите тие кои гласале „за“ Преспанскиот договор имаат удел во она што се случува денес, додавајќи оти за вакви победи вредела секоја жртва.

Оттаму ја честитаат одлуката за автокефалност на МПЦ-ОА и велат оти сите тие кои гласале „за“ Преспанскиот договор имаат удел во она што се случува денес, додавајќи оти за вакви победи вредела секоја жртва.

Почитувани граѓани, во име на поранешната независна група, од срце Ви ја честитаме значајната вест која денес одекна од Република Северна Македонија дека МПЦ-ОА добива афтокефалност. Овој сон конечно станува реалност и денешниот големпразник Св.Кирил и Методиј ќе го паметиме  како историскиза православието и македонскиот идентитет. 

Сите ние со гласот ЗА Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува денес и за вакви победи вредеше секоја жртва.  Да се гледа кон иднината, не е секогаш едноставно, но само храбри одлуки носат промени кои биле долгогодишна желба. Само признаена држава, гордо и еднакво исправена до своите меѓународни партнери може да биде успешна приказна. Задоволство е што ставивме уште едно делче во мозаикот на македонските победи. Да ни се множат убави вести и заедно да им се радуваме, се вели во соопштението од Независната пратеничка група. 

Инаку, во групата од осумте пратеници кои ја испратија честитката до МПЦ-ОА за нејзината автекофалност, а кои преходно гласаа за уставната промена на името на земјава спаѓаат: Владанка Авировиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Елизабета Канческа Милевска и Емилија Александрова.