Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Откази во Твитер – Маск сака да отпушти 3 700 вработени

/

пред 1430 дена

Сподели преку :

Твитер се соочува со заедничка правна тужба од поранешни вработени во компанијата, кои тврдат дека не добиле навремено известување дека добиваат откази, предвидено со американските федерални закони, туку дознале за тоа кога им бил спречен пристапот до нивните работни профили во компанијата.

Во докуменот испратен вчера до сите вработени во компанијата, која за 44 милијарди долари ја купи милијардерот Илон Маск, тие биле информирани дека ќе добијат порака на својот личен и-мејл доколку добијат отказ, како дел од масовното отпуштање на вработените.

Но, уште пред да добијат таква електронска пошта, повеќе десетици вработени во компанијата објавиле информација дека се отпуштени, откако откриле дека не можат повеќе да пристапат до своите службени и-мејл адреси.

Планот на Маск за отказ на околу 3 700 вработени сепак се соочува со проблеми, откако во федералниот суд во Сан Франциско, била поднесена тужба во која од Твитер се бара да ги почитува американските закони, според кои, на вработените во големите компании, мора да им се даде временски рок од 60 дена пред да бидат отпуштени од работа.

Откако ја купи популарната социјална мрежа, Маск најпрвин им подели отказ на тројцата највисоко рангирани директори и најави промени во функционирањето на Твитер, во обид, како што кажа, да ја направи компанијата профитабилна.