Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Отворен е повикот за доделување на вредносен ваучер на студенти за набавка на електронски уреди

/

пред 333 дена

Сподели преку :

Објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди – преносен компјутер, таблет или персонален компјутер за студентите соопшти ресорното министерство.

Право да аплицираат имаат сите студенти на прв циклус студии кои се државјани на Република Македонија, запишани во учебната 2025/2026 година на државни или приватни високообразовни установи, и кои не се постари од 29 години на денот на објавување на повикот.

Апликациите се поднесуваат електронски преку порталот uslugi.gov.mk до 20 декември 2025 година или до исцрпување на ваучерите. Вкупно ќе бидат доделени 55.000 ваучери, информираат од Министерството за дигитална трансформација.

T.Д.