Во регионот Лежа, Албанија, отворени се два центра за мигранти од Италија, согласно договорот потпишан на 6 ноември минатата година.
Првите мигранти се очекува да пристигнат деновиве.
Илегалните мигранти ќе се транспортираат со брод до пристаништето Шенѓин, каде ќе им се утврдува идентитетот и здравствениот статус.
Потоа, ќе бидат сместени во Ѓадр, поранешна воена база.
Центрите, финансирани од Италија, ќе примаат до 3.000 мигранти месечно.
Договорот е со петгодишна важност, а нивната изградба ќе чини најмалку 670 милиони евра.
Во 2023 година, на италијанските брегови пристигнале над 145.000 мигранти.











