Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Ова не е само марш, oва е одење со срце што е скршено засекогаш – Сè што требаше да дојде ни е одземено“, порака од денешниот „Марш на ангелите“

/

пред 285 дена

Сподели преку :

„Ние сме родителите што нема да дочекаат матура. Нема да стојат гордо на дипломирање. Нема да облечат свечена облека за свадба. Нема да ги земат во раце своите внучиња. Сè што требаше да дојде – ни беше одземено“, силно одекна пораката на семејствата на загинатите млади луѓе во пожарот во кочанската дискотека на 35-иот „Марш на ангелите“ во Кочани.

Низ солзи и болка која тежи како најтешкиот камен родителите и семејствата говореа за загубите на своите чеда, браќа, сестри.

Семејствата на последниот Марш на ангелите во годината, којашто на 16 март им ги промени засекогаш животите истакнаа дека носат болка што не се опишува со зборови, болка од последниот повик, последната прегратка, како и од сознанието дека нивните деца умирале во ужас, чад, страв, оставени без заштита, одговорност и спас.

Со солзи и болка се обрати и Александар Наунов, кој во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ја изгуби својата прва рожба, ќерката Надица, а која утре требаше да го слави својот 18-ти роденден. Сите планови кои ги имале токму за утрешниот ден згаснаа на кобниот 16 март.

Мита Тасева мајката на ди џејот кој загина во пожарот во „Пулс“ порача дека уште многу години требаше да се слуша смеата, плановите за празниците, но наместо тоа остана само тишина и болка во 63 семејства.

Семејствата на жртвите во најголемата трагедија во поновата македонска историја на последниот Марш на ангелите  во пресрет на новогодишните и божиќните празници порачаа и кога светот си посакува среќа, здравје и радост, тие, родителите на загинатите деца,  посакуваат пред сè — човечност, а секој родител да си го прегрне своето дете и да му каже дека го сака, бидејќи тие таа можност ја немаат.

Семејствата најавија дека следниот „Марш на ангелите“ ќе се одржи после Божиќните празници.

Викторија Димитровска Јованова

Б.С.