Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ова нема да го земам здраво за готово – се огласи синот на Бајден по решението за негово помилување

/

пред 684 дена

Сподели преку :

По одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да го помилува неговиот син Хантер, се огласи и лично тој.

„Признав и презедов одговорност за моите грешки во најмрачните денови на зависноста, грешки што се искористени за јавно понижување и на мене и на моето семејство поради политиката. И покрај се, трезен сум повеќе од пет години поради својата длабока вера и непоколеблива љубов и поддршка на моето семејство и пријателите. Помилувањето никогаш нема да го земам здраво за готово и ќе го посветам животот што повторно го изградив на помагање на оние кои сè уште се болни и страдаат“, рече 54-годишниот Хантер Бајден.