Каде затајува системот на превенција? Во Топ Тема дебата со Миша Поповиќ, истражувач во Институтот за демократија Социетас Цивилис, Тоше Зафиров, политиколог и Блаже Јосифовски, претседател на “Go Green”.
Зафиров и Поповиќ се на иста линија дека во македонското општество проблем е довербата во институциите, односно дека постои јасна корелација помеѓу недоверба во институции и искусена корупција.
„Се ова што се случува е неуспех на надзор и полициски и инспекциски, таков е случајот и со Кочани, генерално немање чувство на онаа службена должност“, рече Поповиќ.
- „Имаме добри закони, но генерално законите ги опфаќаат и концептите на градење на отпорност. Тоа значи дека не треба да стигнете до инцидент, дека не треба таму да има дискотека, не треба да има депонија, но пропуштениот надзор и генерална негрижа и имаме внатрешна култура во институциите – подобро да се лечи отколку да се спречи. Зборуваме за концепт на критична инфраструктура кои ако доживеат некаков прекин ќе има сериозно влијание врз животот на луѓето. Депониите се токму таа критична инфраструктура“, истакна Поповиќ.
Според Јосифовски од “Go Green” потреба во државата да се средат приоритети. „Ако ни е потребно да имаме чиста почна и чист воздух тогаш да вложуваме во тоа и Министерството за животна средина да добие прво или второ место во распределбата на буџетските средства, нека се земат кредити за да се санираат депониите…“, рече Јосифовски додавајќи дека уште во 2012 излезе физибилите студијата за Вардариште и тогаш „сите бевме оптимисти дека ќе се реши, следуваат дискусии, дебатите меѓу градоначалници и уште тоа трае“.
Според аналитичарот Зафиров одговорот за тоа како да се реши оваа ситуација е комплексен и едноставен во исто време. Имаме Устав и закон кои треба да се почитуваат и потребна е борбата против корупцијата и враќање на довербата во институциите.











