Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Овој предлог не е „културен“ – реакција на синдикатот на култура на Македонија

/

пред 555 дена

Сподели преку :

Синдикатот за култура на Македонија реагира дека изработката на решенијата за плати и пресметка е направена под притисок на министерството за култура, првично врз директорите, а подоцна и врз вработените во институциите од културата, задолжени за изготвување на платите.

По последната плата, која им беше исплатена по Велигден, од синдикатот велат дека неприфатливи се насоките за пресметка, бидејќи, велат, се без потпис кој ги изработил, одобрил, контролирал и потпишал.

А, пресметките за плати за кои министерот за култура Зоран Љутков кажа дека се со шест отсто зголемување, за синдикатот се спротивни на колективниот договор за култура и на општиот Колективен договор. Велат дека се по препорака од министерството за финансии, но без правна формула.

Синдикатот најави жалби и тужби за новите решенија за плати и ќе бара средба со премиерот за да бараат решение.