Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пад на македонската фудбалска репрезентација за едно место на ФИФА ранг листата

/

пред 914 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација падна за една позиција и се наоѓа на 69. место на најновата ранг-листа на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објавена денеска.

Македонската репрезентација минатиот месец одигра два контролни натпревари, против Молдавија (1-1) и Црна Гора (0-1), кои придонесоа „црвено – жолтите‘ да се спуштат едно место на ФИФА рангирањето со 1.1354,19 бодови.

Најдобрите светски фудбалски репрезентации и понатаму ги предводи актуелниот првак Аргентина. Франција е втора, додека Белгија ја потисна Англија од третата позиција.

Следното рангирање на ФИФА ќе биде објавено на 20 јуни.