Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пакистан: Наскоро ќе бидеме домаќини на преговори меѓу САД и Иран

/

пред 191 дена

Сподели преку :

Пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар најави дека неговата земја наскоро ќе биде домаќин на преговори меѓу САД и Иран, за што засега нема официјални потврдиод Вашингтон или Техеран. Дар притоа не откри дали разговорите ќе бидат директни или индиректни.

„Пакистан е многу задоволен што и Иран и САД изразија доверба за нашата улога на посредници“, рече Дар по состанокот со шефовите на дипломатиите на Турција, на Египет и на Саудиска Арабија во Исламабад.

Најави дека неговите колеги од Турција, Египет и Саидиска Арабија изразиле поддршка за пакистанските мировни напори.

Пакистан во последните недели се профилира како посредник, со оглед на добрите врски со САД и со Иран, а јавниот ангажман, според официјални претставници во Исламабад, доаѓа по неколкунеделната тивка дипломатија.