Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пакистан собори два индиски авиони во одмазда

/

пред 530 дена

Сподели преку :

Пакистанската војска соопшти дека соборила два индиски авиони, пишува „Гардијан“. Откако Индија изврши ракетен напад врз неколку градови, пакистанската војска започна одмазда, како што соопшти нејзиниот портпарол.

Пред нацијата се обрати и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Тој порача дека Индија извршила Кукавички напад.

„Пакистан има целосно право да одговори со сила на овој воен чин предизвикан од Индија. Дадовме соодветен одговор. Целата нација стои со нашите вооружени сили“, порача премиерот Шариф.