Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Палестинска управа: Нападот извршен од еврејските доселеници на Западниот брег е државен тероризам

/

пред 796 дена

Сподели преку :

Палестинското Министерство за надворешни работи денеска го окарактеризира нападот на екстремистичките еврејски доселеници врз Палестинците во село на Западниот Брег како „организиран државен тероризам“.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека едно лице починало од прострелни рани од доселеници, а друго е тешко рането за време на немирите во селото Џит.

Доселениците запалија возила и куќи во селото.

Израелските лидери ги осудија немирите синоќа. Белата куќа го опиша насилството како „неприфатливо“, објавија француските медиуми.

Израелските безбедносни сили соопштија дека не се знае кој пукал во Палестинците, пренесоа израелските медиуми.