Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Палестинскиот премиер: Хамас мора да се повлече од Газа и да го предаде оружјето

/

пред 446 дена

Сподели преку :

Палестинскиот премиер Мохамед Мустафа пред Генералното собрание на ОН изјави дека Хамас мора да се откаже од контролата врз Појасот Газа и да го положи оружјето.

Тој рече дека Палестинската самоуправа е подготвена да преземе целосна одговорност за управувањето и безбедноста во Газа, со поддршка од арапски и меѓународни партнери.

Изјавата е во согласност со обврските преземени во јуни од претседателот Махмуд Абас.

Мустафа нагласи дека Палестинската самоуправа со седиште на Западниот Брег е подготвена за преговори со Израел, оценувајќи дека траен мир може да се постигне само преку решение со две држави.

Сличен став изрази и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој на конференцијата во Њујорк истакна дека политичка визија за повоениот период во Газа е неопходна за трајно примирје.

Во меѓувреме, германскиот канцелар Фридрих Мерц најави хуманитарен воздушен мост кон Газа во соработка со Јордан, Франција и Велика Британија. Тој апелираше до Израел да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа, која според ОН достигнува алармантни нивоа на неухранетост.